Ристески: Долг од 500 денари може да достигне 17-18 илјади денари
Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални организации на Македонија, вечерва во БИЗНИС21 зборуваше за новиот закон за извршување, за кого кажа дека мора да се повлече, и притоа да се консултираат со нив.
Ристески кажа дека граѓаните го извлекуваат „најдебелиот крај“ и дека за долг од 500 денари, може на крај со адвокати, нотари и извршители да плати и до 18 илјади денари.
„Ние сме против овој закон, затоа што ако граѓанинот добива сметка, зошто во нормални држави таа сметка од било каков трошок, зошто таа сума на пари да не оди веднаш на извршител? Тие прават за сметка од 500 денари, компанијата ангажира адвокат. Кој безобразлук е тоа. Зарем тие компании немаат некои правник да напише препис да го извести граѓанинот? Тие ангажираат адвокати од страна, и тој само што ќе напише допис, си наплаќа плус 6000 денари. И сега долгот станува 6500 денари и се зголемува. Потоа нотар иста постапка. Претходно никој не го бара граѓаните. Како демек те барал, па не те нашол, и граѓанинот треба да оди во суд секој ден и да види дали има некој предмет. Ова е тешка глупост. И да продолжам, нотарот си наплаќа плус 3-4 илјади и тој не те нашол, и потоа извршителот ќе те најде каде и да си, и ќе бидеш блокиран. И на крај долгот може да достигне до 17-18 илјади денари. На душман ваков закон не може да му донесеш“, рече Ристески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристески: Долг од 500 денари може да…
Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални…
Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност…
Од вчера (26 февруари) стапува во сила…
Вучиќ: Многу сум загрижен за здравствената состојба…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во…
Светот реагира на избувнувањето на борбите меѓу…
Светот реагира на избувнувањето на борбите меѓу…
Бектеши и двајца други обвинети преку адвокат…
Бранителот на поранешниот министер за економија Крешник…