Вучиќ: Многу сум загрижен за здравствената состојба на Ивица Дачиќ

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Астана изјави дека е „многу загрижен“ за здравствената состојба на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој е хоспитализиран во Белград поради воспаление на двете белодробни крила.

Вучиќ им рече на новинарите од Србија кои го придружуваат за време на неговата посета на Казахстан дека е „во постојан контакт“ со министерот за здравство Златибор Лончар во врска со здравствената состојба на Дачиќ.

„Вечерва, штом ќе слетам во Белград, ќе одам во болница. Нема промени, состојбата е стабилна и тоа е добро од една страна, но очекувавме подобри и побрзи промени“, рече тој.

„Тие сè уште не можат со сигурност да ги утврдат причините, се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме. Не сум доктор, тоа е сè што можам да кажам. Му посакувам и му се молам на Бога да се опорави“, рече Вучиќ.

Помошникот-директор на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Спасоје Попевиќ, кој е задолжен за лекување на Дачиќ, утрово изјави дека состојбата на Дачиќ „не се променила, засега е стабилна“, дека тој „мирно ја поминал ноќта“ и дека „интензивните мерки за лекување продолжуваат“.

Во средата, Дачиќ беше примен во Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија во сериозна состојба и беше ставен на вентилатор поради воспаление на двете белодробни крила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставник нападнал ученик во дебарско училиште

Наставник бил пријавен дека нападнал ученик во…

Србија ќе избира претседател на 27 декември:…

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…

Без против и воздржани: Теодора Ефтимовска Бојковска…

Комисијата за прашања на изборите и именувањата…

Маж од Охрид ја пријавил сопругата за…

По секојдневните пријави од жени за семејно…

Ќучук не знае или намерно шири дезинформации…

Случајот со Ива Михајлова повторно го отвори…