РКЕ донесе одлука, цените на горивата нема да поевтинат

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени.

-Малопродажните цени на нафтените деривати не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 12.03.2022 година, велат од РКЕ.

Ова се актуелните цени на горивата кои продолжуваат да важат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ… Од куќата на убиецот…

Од куќата на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за…

(Видео) Изгаснат е пожарот позади Универзална сала

Пожар избувнал денеска во куќа на улицата…

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј…

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна…

Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за одвои…

Киев: Русија ги напаѓа украинските железници за…

Русија ги засили нападите врз украинската железничка…