Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за повредените!

t

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца повредени во трагедијата во Кочани, пренесоа бугарските медиуми.

– Како што знаете нашите деца денес ги испуштаат од болницата во Пирогов, сакаме да се заблагодариме на директорката и на сите доктори, сите вработени и на целиот персонал кој со своите човечки и професионални ангажмани ги лекуваат нашите деца. Исто така да се заблагодариме и на Бугарија и на бугарскиот народ за грижата и за сочувствувањето со нас. Да им се заблагодариме и на сите крводарители кои илегоа во голем број кога беа најпотребни за нас. Нашето лекување ќе продолжи во Пирогов со контролни прегледи и други интервенции, благодариме од срце, изјави мајка на дете што се лекува во болницата во Пирогов.

Особена благодарност до сите, особено до бугарското МНР, но и до сите што несебично ни излегоа во пресрет, изјави друга мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…