Рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк трае до 5 март

t

Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk

Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. За поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на е-пошта: [email protected].

-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, се наведува во објавата на МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентарија: Укинат субвенционираниот оброк за дел од…

Платформата за информирање на студентите Студентарија вели…

Речиси 10% од граѓаните на ЕУ не…

Скоро 10 отсто од граѓаните на Европската…

Синдикатот на полицијата до власта: Кркајте вие…

Денеска од Синдикат на Полиција во Македонија…

Криза во Германија: Германците се откажуваат од…

Поради се повисоките цени 16 отсто од…