Синдикатот на полицијата до власта: Кркајте вие бифтеци, ние конзерви од магацин – Ова е европскиот оброк на македонскиот полицаец!
Денеска од Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ, објавија еден статус на Фејсбук, каде пишуваше: “Додека “НИЕ” од кабинетите на Министерот, на Директорот, на заменик Министерот ќе кркаме топла и зготвена храна, после неа ни следува убав десерт со сок по желба и апетисани (оревче, лешничиња, индиски ореви ммм….)на крај….
Ова е денешната вистинска слика на оброкот на “задоволниот” полицаец од онаа виртуелно задоволната полиција на нашиот ни најдобар министер за внатрешни работи.
И покрај тоа што нема никаква заштита а е во првите редови од кордонот, со стари и дотраени панцири, шлемови, плочи…. гас маски е луксуз оти нив ГИ НЕМА……и покрај се…
Ова е денешниот “европски” оброк на Македонски полицаец кој 12 часови е ставен во кордон и оставен и заборавен на милост и немилост во ова време-невреме.
Господа од кабинетите, кркајте Вие бифтеци и манџи, а ние тоа што останало по магацините, конзерви.
ЗАСРАМЕТЕ СЕ , СРАМОТА!
ДО КОГА ЌЕ ГО ПОНИЖУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ!?“, се наведува во текстот на СПМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…