Романија нема намера да се меша во конфликтот меѓу Украина и Русија, пресече и Унгарија, не сака нова студена војнa
Романија нема да се меша во случај на конфликт меѓу Русија и Украина, но е подготвена да му помогне на Киев на дипломатско ниво, изјави романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску.
„Не може да се зборува за воено мешање на НАТО во случај на конфликт, ниту за мешање на Романија. Нема таква перспектива“, рече тој.
Сепак, додаде тој, Романија ќе го поддржи Киев за санкциите против Русија, без разлика дали станува збор за мерки против одредени поединци или против одредени економски сектори.
Од друга страна, како што пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од унгарското Министерство за надворешни работи, Будимпешта не сака нова Студена војна и е за преговори меѓу Западот и Русија.
„Сакаме да избегнеме нова студена војна, избираме преговори, а не ескалација на тензиите“, соопшти унгарското МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…