Романија нема намера да се меша во конфликтот меѓу Украина и Русија, пресече и Унгарија, не сака нова студена војнa

t

Романија нема да се меша во случај на конфликт меѓу Русија и Украина, но е подготвена да му помогне на Киев на дипломатско ниво, изјави романскиот министер за надворешни работи Богдан Ауреску.
„Не може да се зборува за воено мешање на НАТО во случај на конфликт, ниту за мешање на Романија. Нема таква перспектива“, рече тој.

Сепак, додаде тој, Романија ќе го поддржи Киев за санкциите против Русија, без разлика дали станува збор за мерки против одредени поединци или против одредени економски сектори.
Од друга страна, како што пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од унгарското Министерство за надворешни работи, Будимпешта не сака нова Студена војна и е за преговори меѓу Западот и Русија.
„Сакаме да избегнеме нова студена војна, избираме преговори, а не ескалација на тензиите“, соопшти унгарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волстрит журнал: Макрон ќе испрати 1.500 војници…

Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на…

Јакимовски: Ни на Америка, ни на свети…

Граѓаните можеа да нѐ тестираат, како претседателски…

Руските банки ќе ги простат кредитите на…

Банките самостојно ќе ги отпишуваат кредитите на…

Нова скандалозна изјава на Медведев: Ликвидација на…

Украинското раководство ќе се соочи со судбината…

Столтенберг предложи пакет помош за Украина во…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи…