Објавено на:

Русите во текот на ноќта извеле нова серија воздушни напади врз Киев

t

Според првичните информации на официјални лица од Киев, во ноќешните напади нема жртви.

Русија во текот на ноќта почна нова серија воздушни напади врз Киев, а властите во главниот град на Украина соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 20 руски крстосувачки ракети, пренесоа британските медиуми.

-Сите беа соборени, немаше погодоци во целта, изјави шефот на воената администрација во Киев, Серхи Попко, во порака на каналот Телеграм.

Британските медиуми наведуваат дека не е можна независна потврда на извештаите.

Очевидци навеле дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како системи за противвоздушна одбрана. Градот, инаку, беше под предупредување за воздушен напад повеќе од четири часа, почнувајќи непосредно по полноќ.

Украинската војска соопшти дека остатоците од уништените проектили паѓале на патиштата и ги оштетиле далноводите за тролејбус во киевскиот кварт Десниански.

Според првичните информации на официјални лица од Киев, во ноќешните напади нема жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден: Го сакам Нетанјаху, но отсекогаш сме…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има…

Њујорк Тајмс: САД сакаат Украина да се…

Пентагон го советува Киев за нова стратегија…

Почина Симон Илиевски, доајен на охридското новинарство

По кратко боледување на 66 години денеска…

Денков тврди дека Бугарија нема да прифати…

До каде ќе биде границата на прифатливи…

Блумберг: Еврозоната влегува во рецесија

Економијата на еврозоната сега забележа два последователни…