РУСИТЕ НА НОЗЕ: Загинаа руски мировници во Нагорно Карабах
Во Нагорно-Карабах е пукано врз автомобил со руски мировници, има загинати лица, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација, а пренесоа руските медиуми.
„На 20 септември, додека се враќал од набљудувачка станица на рускиот мировен контингент во областа на селото Џањатаг, автомобил со руски воен персонал бил нападнат.. Како резултат на гранатирањето, воениот персонал во автомобилот е убиен“, соопштија од одделот.
На лице место работат руски и азербејџански истражители за расчистување на случајот.
Влошувањето на ситуацијата во Карабах се случи еден ден претходно, кога Азербејџан започна „локални антитерористички мерки“ во регионот за враќање на уставниот поредок.
Денеска Баку и Степанакерт објавија прекин на огнот. Азербејџан појасни дека поставиле голем број услови, особено илегалните вооружени групи лоцирани во Карабах мора да ги напуштат борбените позиции и целосно да се разоружаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте тензијата: Војска на Азербејџан влезе во…
Вооружените сили на Азербејџан влегоа во зоната…
(Видео) Воени мировни трупи предводени од Русија…
Колективните мировни сили на ОДКБ се испратени…