(Видео) Воени мировни трупи предводени од Русија влегоа во Казахстан

t

Колективните мировни сили на ОДКБ се испратени во Казахстан, соопшти Секретаријатот на организацијата. Единиците на рускиот контингент веќе почнаа да ги исполнуваат поставените задачи.

„Авиони на воено-транспортната авијација на руските воздушно-космички сили во моментов го префрлаат рускиот дел од мировниот контингент на територијата на Република Казахстан. Единиците на напредни позиции од неговиот состав веќе започнаа со извршување на поставените задачи“, се наведува во соопштението.

Според Секретаријатот, задачите на силите на ОДКБ испратени во Казахстан ќе бидат заштита на државните и воените објекти, како и помош на безбедносните сили.

„Главните задачи на Колективните мировни сили на ОДКБ ќе бидат заштита на важни државни и воени објекти, обезбедување помош на безбедносните сили на Република Казахстан за стабилизирање на ситуацијата и нејзино враќање на правното поле“, се додава во соопштението. .

Руските сили ќе дејствуваат заедно со контингенти од Белорусија, Киргистан, Ерменија и Таџикистан.

Ерменскиот премиер Никола Пашинјан во средата изјави дека Советот за колективна безбедност на ОДКБ одлучил да испрати мировници во Казахстан на ограничено време со цел да се стабилизира ситуацијата во таа земја.

Немирите во Казахстан продолжија и во текот на ноќта, а полицијата соопшти дека цел на нападот биле зградите на управата и полицијата во Алма Ата и дека дошло до размена на оган меѓу напаѓачите и припадници на безбедносните сили и армијата. Десетици напаѓачи се ликвидирани и се утврдува нивниот идентитет.

Во првите денови од новата година почнаа масовните протести во Казахстан. Жителите на Жанаозен и Актау, градови во регионот Мангистау, излегоа на митинзи во знак на протест поради двојното поскапување на течниот нафтен гас, што Министерството за енергетика го објасни со фактот дека од 1 јануари цените почнаа да се формираат на електронските берзи врз основа на на понудата и побарувачката.

Видеото може да го погледнете тука.

Руските медиуми информираат дека првите трупи од Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Москва, воен сојуз на неколку поранешни советски држави, почнале да дејствуваат во Казахстан бидејќи ескалирал невиден бран протести. Државната медиумска агенција „РИА Новости“ на 6 јануари објави дека воздушно-десантните единици на мировните сили влегле во централноазиската држава. Веста ја пренесе и државната новинска агенција ТАСС.

Во доцните часови на 5 јануари, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев апелираше за интервенција на сојузот составен од Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан. Бранот протести избувна во западниот регион Мангистау пред четири дена поради ненадејното зголемување на цените на горивото што се користи во возилата во земјата богата со нафта, но се прошири во градовите и населбите низ Казахстан. Токаев ги обвини „терористичките“ банди обучени од странство за насилството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…