РУСИЈА ВЕЖБА „ПОД СЛОНОВИТЕ“: За прв пат во историјата полетале 7 авиони Ан-124 и ја префрлиле војската и опремата 1.000 километри подалеку

t

Командата на руските воздушни сили изведе вежба со седум авиони Ан-124-100 Руслан!

Министерството за одбрана објави видео на кое се гледаат седум товарни авиони како полетуваат од аеродромот во исто време и наведе дека е прв пат толку многу Ан-124-100 Руслани да бидат во воздух во исто време.

– Целта на вежбата беше да се тестира обуката на младите екипажи на воено-транспортниот авион Ан-124-100 Руслан при истовремено далечинско преминување на персоналот на воените единици со стандардно оружје и воена опрема – соопшти Министерството.

Авионските екипажи вежбаа полетување, летови по пат и на крај слетување во скратени временски интервали.

– Летовите се вршеа на надморска височина од повеќе од четири илјади метри, вкупната должина на рутата беше повеќе од илјада километри, а просечната брзина на авионот беше 500 километри на час – соопштија од министерството.

Терминот потекнува од Втората светска војна, кога стотици сојузнички авиони полетале еден по друг во борбени мисии кои за набљудувачите изгледале како марш на слонови во стадо. Авионот мора да полета веднаш штом леталото пред нив ќе ја напушти пистата и да ја одржува истата брзина како водачот на групата во секое време.

Антонов Ан-124 Руслан е стратешки транспортен авион на млазен погон. Може да носи околу 150 тони товар и да превезе околу 80 падобранци. Авионот достигнува максимална брзина од 850 километри на час и има автономија на летот од 7.500 километри.

Името го добило по џин од руските бајки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…