Русија ги повика странците и дипломатите да го напуштат Киев
Русија денес објави дека ќе продолжи да спроведува целни одмазднички напади врз Киев и други украински градови и ги повика странските граѓани и дипломати да го напуштат главниот град на Украина, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека „како одговор на терористичките акти на вооружените сили на Украина против цивилното население и цивилната инфраструктура на нашата земја, вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат систематски да спроведуваат целни напади врз воени објекти во Киев и други украински градови“.
„Министерството за надворешни работи на Русија уште еднаш ги предупредува странските граѓани, вклучително и персоналот на дипломатските мисии, да не остануваат во Украина ниту да патуваат на нејзина територија. Оние кои го игнорираат ова предупредување се целосно одговорни за сите можни штетни последици“, објави министерството.
Во руските напади врз Украина, најмалку шест лица се повредени, а Северниот мост во Киев е оштетен, што предизвика запирање на сообраќајот и формирање големи гужви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…