Русија: Доказ дека Западот планирал војна со нас е испораката на оружје во Украина
По денешната одлука на Германија да испрати тенкови „Леопард 2″ во Украина се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која одлуката ја оцени како „потврда дека Западот планирал војна против Русија”.
Да потсетиме, Русија на 24 февруари минатата година ја почна инвазијата врз Украина, претставувајќи ја како „специјална операција во источна Украина”.
Западните земји и досега и помагаа на Украина со оружје, но денешната одлука за испраќање тенкови „Леопард 2″ е нов чекор на Западот во обезбедувањето воена помош за нападнатата земја.
Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја објави одлуката на САД за испраќање неколку десетици напредни тенкови „Абрамс” за Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика сите земји кои имаат тенкови „Леопард 2″ да „обезбедат што е можно повеќе од нив” за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.
„Значи, беше формирана тенковската коалиција. Сите оние кои се сомневаа дека тоа некогаш може да се случи, сега видоа: За Украина и нејзините партнери нема невозможно. Ги повикувам сите нови партнери кои имаат тенкови „Леопард 2″ во служба да се приклучат на коалицијата и да обезбедат што е можно повеќе од нив”, напиша тој на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…