Објавено на:

Русија: Доказ дека Западот планирал војна со нас е испораката на оружје во Украина

t

По денешната одлука на Германија да испрати тенкови „Леопард 2″ во Украина се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која одлуката ја оцени како „потврда дека Западот планирал војна против Русија”.

Да потсетиме, Русија на 24 февруари минатата година ја почна инвазијата врз Украина, претставувајќи ја како „специјална операција во источна Украина”.

Западните земји и досега и помагаа на Украина со оружје, но денешната одлука за испраќање тенкови „Леопард 2″ е нов чекор на Западот во обезбедувањето воена помош за нападнатата земја.

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја објави одлуката на САД за испраќање неколку десетици напредни тенкови „Абрамс” за Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика сите земји кои имаат тенкови „Леопард 2″ да „обезбедат што е можно повеќе од нив” за да и помогнат на Украина да ја одбие руската инвазија.

„Значи, беше формирана тенковската коалиција. Сите оние кои се сомневаа дека тоа некогаш може да се случи, сега видоа: За Украина и нејзините партнери нема невозможно. Ги повикувам сите нови партнери кои имаат тенкови „Леопард 2″ во служба да се приклучат на коалицијата и да обезбедат што е можно повеќе од нив”, напиша тој на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…