Објавено на:

Русија: Засега нема да преговараме со Украина

t

Советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Москва засега не е подготвена да преговара со Украина со оглед на украинскиот напад врз руската Курска област, но и дека Русија не ги повлекува своите мировни предлози.

Ушаков ова го изјави во видео изјава објавена на Telegram.

„Во оваа фаза, со оглед на тој потфат (Курск), нема да преговараме“, рече Ушаков.

Украинскиот напад врз Курската област почна на 6 август.

На прашањето дали тоа значи дека мировните предлози што ги изнесе рускиот претседател Владимир Путин во јуни повеќе не важат, Ушаков рече дека тоа не е така.

„Не, тие не се повлечени. Но, во овој момент, се разбира, би било целосно несоодветно да се влезе во каков било преговарачки процес“, рече Ушаков.

На прашањето колку долго Москва нема да сака да преговара со Киев, Ушаков рече: „Не знам. Тоа ќе зависи од ситуацијата, вклучително и на линијата на фронтот“.

Путин во јуни рече дека Русија ќе стави крај на војната во Украина само ако Киев се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и целосно ги предаде четирите региони за кои претендира Москва, што Киев го одби, велејќи дека тоа би значело предавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ

Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на…

Деветто обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Ново, деветто обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз…

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…

Драматична пресметка кај Велес: Дрвокрадци повредиле шумски…

Вчера попладнето, полицајци од СВР Велес ги…

Драма во Скопје: Не застанале на даден…

Денеска во 03.50 часот во Скопје, полициски…