Русија: Засега нема да преговараме со Украина
Советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Москва засега не е подготвена да преговара со Украина со оглед на украинскиот напад врз руската Курска област, но и дека Русија не ги повлекува своите мировни предлози.
Ушаков ова го изјави во видео изјава објавена на Telegram.
„Во оваа фаза, со оглед на тој потфат (Курск), нема да преговараме“, рече Ушаков.
Украинскиот напад врз Курската област почна на 6 август.
На прашањето дали тоа значи дека мировните предлози што ги изнесе рускиот претседател Владимир Путин во јуни повеќе не важат, Ушаков рече дека тоа не е така.
„Не, тие не се повлечени. Но, во овој момент, се разбира, би било целосно несоодветно да се влезе во каков било преговарачки процес“, рече Ушаков.
На прашањето колку долго Москва нема да сака да преговара со Киев, Ушаков рече: „Не знам. Тоа ќе зависи од ситуацијата, вклучително и на линијата на фронтот“.
Путин во јуни рече дека Русија ќе стави крај на војната во Украина само ако Киев се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и целосно ги предаде четирите региони за кои претендира Москва, што Киев го одби, велејќи дека тоа би значело предавање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: НАТО е подготвен да ја брани…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
ЕЦБ најверојатно ќе ги зголеми каматите во…
Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги…
Путин ѝ се закани на Украина со…
Претседателот на Русија Владимир Путин, денеска се…
Папата Франциск го видел ѓаволот, неговиот дневник…
Приватните дневници на покојниот папа Франциск, кои…
Трамп подготвува нови царини за Кина, ЕУ,…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…