Објавено на:

Русија изрази загриженост поради ескалацијата на тензиите на Корејскиот полуостров

t

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко при посетата на Сеул изрази сериозна загриженост поради ненадејната ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Руското Министерство оценува дека главен извор на ненадејната ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров е неодговорната и провокативна политика на официјален Вашингтон.

„Заради сопствените геополитички цели, САД се обидуваат да ги натераат своите регионални сојузници да ги спроведат своите агресивни планови кои се закануваат со непредвидливи последици, вклучително и оние во воената сфера“, предупреди руското МНР.

Се додава дека руската страна ја потврдила својата намера за развивање на заемно корисна соработка со Северна Кореја во согласност со нормите на меѓународното право, во интерес на двете земји, како и со цел зајакнување на мирот и стабилноста во регионот.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја претходно соопшти дека Руденко разговарал со својот јужнокорејски колега Чунг Бјунг-вон за регионалната безбедност, војната во Украина и билатералните односи меѓу двете земји.

Чунг го потврди „тврдиот став“ на Јужна Кореја за растечката воена соработка на Русија со Северна Кореја и ја повика Москва „да се однесува одговорно“, повикувајќи ја Русија да соработува за да спречи какво било кршење на легитимните права на јужнокорејските фирми и граѓани во Русија, вели јужнокорејското министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…