Објавено на:

Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу дожд наврна во Охрид, еве каква…

Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во…

МНР со остра осуда за заканите кон…

Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија…

Средба Николоски-Гир: Презентирана програмската определба на Владата…

Заменик претседателот на Владата и министер за…

ЕК најави 1,2 милијарди евра за Западен…

Европската комисија денеска објави нов инвестициски пакет…

Двајца загинаа во силното невреме во Црна…

Две лица загинаа во силното невреме што…