Русија и Кина се здружија против САД и ја блokираа листата за caнкции на Американците
Русија и Кина ја блокираа иницијативата на САД за вклучување на пет лица на листата на санкции на ОН поради врските со Северна Кореја, изјави извор од Советот за безбедност на ОН.
„Русија и Кина се спротивставија на вклучувањето на пет лица на списокот со санкции на ОН во однос на Северна Кореја“, рече нашиот соговорник.
Според друг извор, кој ја потврди информацијата, за да се донесе одлука потребен е консензус од сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН .
Минатата недела, САД предложија воведување санкции на ОН против пет лица поради врските со Северна Кореја. Минатата среда американските власти воведоа еднострани санкции против руската компанија „Парсек“ , која ја обвинија дека доставува стоки и технологија за севернокорејската ракетна програма. На „црната листа“ се најдоа и седум лица – еден руски и шестмина севернокорејски државјани кои живеат во Русија и Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за…
Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот…
Русија најавува масовни напади врз енергетската инфраструктура…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека подготвува…
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…
Американската армија уништи брод на наркокартел во…
Американската армија соопшти дека уништи брод, што…
Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…
Месечните загуби на Русија во Украина го…