Русија крвари од санкциите, но беше подготвена

t

Санкциите од Западот ја погодија Русија посилно од кога било досега. Без разлика дали се работи за елити или обични граѓани – засегнати се сите. Некои бранши се пред изумирање.

Една недела по руската инвазија на Украина, животот во Русија радикално се промени. Западните санкции без преседан ја погодија речиси секоја бранша: финансиите, транспортот, патувањето, културата, спортот. Секој ден – нови мерки, лесно може да се загуби прегледност. Сето тоа делува како таканаречената стратегија на илјада убоди, која веќе сега предизвикува тешко крварење на руската економија. Само што сега тоа не се убоди, туку ударни бранови.

Рубљата за само неколку дена загуби околу една третина од својата вредност, има информации за редици пред банкоматите и проблеми со платежните картички или платежните системи како Google Pay или Apple Pay. Постои закана од недостиг на апарати за домаќинство, но и западна облека и обувки, исто како што имаше во советско време. Некои експерти веќе предвидуваат двоцифрен економски пад оваа година, доколку продолжи сегашниот тренд.

Русија се подготви

Сепак, дотаму сѐ уште не е дојдено. Кремљ признава дека има проблеми и шири оптимизам: „Се разбира, руската економија чувствува силен притисок, силен удар, но има потенцијал за отпор, има планови, енергично се преземаат контрамерки. Нема да падне“, изјави во средата (2.03) во Москва портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков. Ставот на државниот врв: ситуацијата на пазарите наскоро ќе се смири.

Русија, најдоцна по анексијата на Крим во 2014 година, се прилагоди на западните економски санкции. Уште тогаш за тоа најдоа еуфемизам. Наместо „санкции“, руските медиуми претпочитаат да зборуваат за „нова економска реалност“. Но, сега ударот е многу пожесток. Новина е што сега постои де факто кризен центар, на чело со премиерот Михаил Мишустин, кој се обидува да ги држи турбуленциите под контрола.

Забраните за прелет на руски авиони многу тешко го погодија рускиот воздушен сообраќај. И туристичките компании пријавуваат пад на резервациите до 70%. А Русите кои сепак ќе успеат да стигнат до плажа, мора да носат многу пари со себе. Причина за тоа е исклучувањето на некои руски банки од платниот систем Свифт. На пример, три болници во Тајланд им даваат медицински услуги на руските туристи само за готовина. Што се однесува до повратниот лет за Русија, тоа исто така е комплицирано.

Како што се очекуваше, Централната банка на Русија реагираше на падот на рубљата и ја удвои основната каматна стапка на 20 отсто за да се спротивстави на спиралата на девалвација и покачување на цените. Но, и самата Централна банка е под невиден притисок и изгледа изненадена од одлуката на Западот ефективно да замрзне две третини од нејзините резерви. Според новинската агенција Ројтерс, во видео за вработените, шефицата на банката Елвира Набиулјина изјавила дека се надевале на поблаго сценарио.

Извор: Дојче Веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…