Објавено на:

Русија остана силна: Макрон призна дека ЕУ не ја постигнала целта

t

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека Европската унија не постигнала голем успех во ограничувањето на Русија кога станува збор за санкциите и откажувањето од увозот на руска нафта и гас. Руската економија не пропадна, изјави тој.
За неуспехот тој ги обвини земјите кои и помогнаа на Русија со заобиколување на наметнатите ограничувања.

Во интервју за ТВ Франс5, Макрон рече и дека ЕУ мора да продолжи да ѝ помага на Украина, дури и ако се промени ставот на САД, бидејќи за Европа тоа е прашање на сопствена безбедност.

Според францускиот претседател, поддршката за Украина е едно од главните прашања за 2024 година. Европа има и желба и можност да продолжи да го поддржува Киев и без поддршка од Вашингтон, рече тој.

– Мораме да го направиме тоа. Во наредните месеци треба да избереме, чувствуваме дека некои членки на Унијата почнуваат да се сомневаат, нашите американски партнери можеби се сомневаат, но мораме да продолжиме да ја поддржуваме Украина бидејќи од тоа зависи можноста да опстанеме во светот. Се работи за европска безбедност. Дури и Американците да одлучат да го сменат својот став, тоа е прашање на суверенитетот на Европа и способноста сами да одлучуваме за нашата иднина – рече Макрон.

Тој нагласи дека Европа не е во војна со Русија и дека настојува да не дојде до ескалација на судирот, особено нуклеарниот, но дека не може да дозволи Русија да победи.

– Многу тешка ситуација за Украинците. Се појавуваат нови прашања. Не е сè јасно кога станува збор за американската политика. Но, нашиот интерес е мирна Европа, Европа која може да ја осигура безбедноста на своите соседи – истакна Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговски центар ќе никне на местото кај…

Од мини-депонија до трговски центар – ова…

Втор смртен случај од западнонилска треска во…

Втор смртен случај од западнонилска треска има…

Германската АфД против амбасадата во Скопје: Спор…

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) бара…

(Видео) Запленети околу 300 килограми марихуана од…

Во голема меѓународна полициска акција, која во…

76-годишник со остар предмет се заканувал на…

76-годишник со остар предмет се заканувал на…