Русија подготвува сопствен Android телефон
Рускиот технолошки гигант, компанијата NCC планира да го лансира својот Android телефон како дел од напорите на земјата да постигне технолошка независност и самоодржливост.
Од инвазијата на Украина пред една година, Русија се соочи со егзодус на технолошки компании и услуги. Тука мислиме и на заминувањето на Samsung и Apple, два од најпопуларните светски брендови за паметни телефони, од овој голем пазар. Како одговор, Русија ги засили своите напори за постигнување технолошка самоодржливост, вклучително и план за производство на свој телефон со Android.
Смартфонот, кој се уште нема име, ќе го произведува Националната компјутерска корпорација (NCC), една од најголемите руски ИТ компании, со амбициозна цел до крајот на оваа година да продаде 100.000 паметни телефони и таблет уреди. Александар Калинин, основачот на NCC изјави за локалните медиуми дека има за цел да инвестира 10 милијарди рубљи (132,9 милиони долари) во проектот и се надева дека ќе освои 10 отсто од потрошувачкиот пазар на Руската Федерација до 2026 година, пишува Wired.
Веста доаѓа само неколку дена откако американското Министерство за трговија го забрани извозот на телефони и друга електроника во Русија што чинат повеќе од 300 долари. И покрај најавите, на рускиот пазар и натаму доминираат модели од Кина, на кои многу тешко може да им се парира, плус останува да видиме како новиот телефон ќе се избори со Android оперативниот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел за прв пат потврди дека стои…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за…
Ни претстои ладно време со дожд, од…
Денеска претежно облачно и студено со локални…
Ахмети вели: Ние нема да бидеме слуги,…
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пак се…
ВУЧИЌ УЧЕШЕ ОД ГРУЕВСКИ, НО ОВА НЕ…
Србија ја тресат студентски протести, а по…
Познат првиот кандидат за претседател на РФМ
Александар Стефанов, претседателот на РК Бутел Скопје…