Русија се надева дека средбата Трамп – Путин ќе поттикне подобрување на односите со САД
Русија се надева дека претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе го поттикне нормализирањето на односите меѓу Русија и САД, објави денес ТАСС.
„Се надеваме дека средбата на високо ниво ќе даде поттик за нормализирање на билатералните односи“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.
Трамп објави дека ќе се сретне со Путин во петок, 15 август, во Алјаска. Во среда, Путин го прими специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, во Кремљ, а по средбата, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва и Вашингтон се согласиле за договор за одржување на средбата меѓу Путин и Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Го прашав Орбан дали Украина може…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на вчерашната…
Трамп за преговорите Русија-Украина: Ќе има размена…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и…
ЕУ подготвува деветнаесетти пакет санкции против Русија
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи…
НАЈНОВА ВЕСТ! Трамп: Во петок одам во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе…
Гренел: Идејата за меѓусебно признавање меѓу Србија…
Американскиот претседателски пратеник за специјални мисии, Ричард…