Објавено на:

Трамп за преговорите Русија-Украина: Ќе има размена на територии

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и Украина и Русија ќе мора да отстапат територија една на друга за да ја завршат војната и дека „ќе знаат во првите две минути дали е можен напредок“.

„Ќе има размена на територија. Тоа го знам од разговорите со Русија и другите страни и тоа е во интерес на Украина“, рече тој, објави Ројтерс. Трамп рече дека Русија окупирала некоја многу вредна територија, но дека ќе се обидат да вратат дел од таа територија.

Тој рече дека ќе се сретне со Путин за да ја утврди рамката на мировниот договор пред да разговара со Зеленски и европските лидери, објави Си-Ен-Ен.

„Нема да склучувам договор. Не е до мене да склучувам договор. Мислам дека договор треба да постигнат двете страни“, рече Трамп. Според него, ќе има средба со Путин и веројатно ќе знае точно во првите две минути од таа средба дали може да се постигне договор или не. Кога го прашаа како ќе знае, Трамп одговори дека „тоа е она што го прави – склучува договори“. Трамп додаде дека е неопходна средба меѓу Путин и Зеленски. „На крајот, ќе ги ставам двајцата во иста просторија. Ќе бидам таму или нема, но мислам дека тоа ќе се реши“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…