Русија се подготвува за одбрана на нуклеарната централа: Украинците пристигнаа на 30 километри од стратешкиот објект
Руската армија се подготвува да ја одбрани нуклеарната централа во Курчатов од напади на припадници на Вооружените сили на Украина!
Росатом најави привремено намалување на бројот на работници на конструкцијата. Државната корпорација ја образложи одлуката со воведување вонредна состојба на федерално ниво во областа.
– Останатите стручњаци на градилиштето работат според планот. Сите системи кои обезбедуваат изградба на блокови функционираат нормално – додава Росатом.
Нуклеарната централа Курск, една од трите најголеми нуклеарни централи во Русија, снабдува со енергија 19 региони на Централниот федерален округ.
Се наоѓа на околу 85 километри од градот Суџа, во чие подрачје руската армија моментално се бори со единиците на вооружените сили на Украина.
Градоначалникот Игор Корпунков во петокот изјави дека борбите веќе се водат на неколку десетици километри од Курчатов.
Армијата ги придвижи мобилните системи за воздушна одбрана Панцир поблиску до нуклеарната централа.
Меѓувреме руската армија тврди дека во ракетен напад го уништила командното место на бригадата на Вооружените сили на Украина во областа Курск.
Ваквата информација ја соопшти руското Министерството за одбрана.
Ударот го изврши екипажот на оперативно-тактичкиот ракетен систем Искандер-М.
– Ракетите го погодија извидничкото место каде на границата се наоѓаше командното место на единицата на 22-та одделна механизирана бригада на Вооружените сили на Украина, регионот на Курската област“, се наведува во извештајот.
15-члениот команден тим на бригадата е уништен, пренесува РИА Новости.
A Russian Iskander missile strike in the border areas of the Kursk region killed 15 commanders of the 22nd Mechanized Brigade of the Ukrainian armed forces, the Russian Defense Ministry stated.
#kursk #Iskander pic.twitter.com/D5xJrOHDne— G.manoj (@gvmmanoj) August 10, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…