Објавено на:

Русија спречи кандидатка кој се залага за мир да учествува на претседателските избори

t

Комисијата како причина ги наведе „грешките во документите“ поднесени од Дунцова, поранешна новинарка и градска советничка која се бори „за мир и демократски процеси“, објавија руски медиуми.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, шефицата на комисијата Ела Памфилова изјави дека членовите едногласно ја отфрлиле кандидатурата на Дунцова за изборите на кои се очекува лесна победа на актуелниот претседател Владимир Путин.

Комисијата објави дека Дунцова не може да продолжи во следната фаза на собирање потписи на поддржувачи.

– Ти си млада жена, имаш се пред себе, ѝ порача Памфилова и додаде дека на претседателските избори се пријавиле 29 кандидати.

Дунцова (40) поднела документи за учество на мартовските избори како независен кандидат.

Минатата недела, Дунцова изјави за Current Time, медиумски проект на руски јазик на РСЕ и Гласот на Америка, дека ги поддржува мировните преговори за ставање крај на војната во Украина.

„Мировните преговори за решавање на специјалната воена операција се едно од приоритетните прашања за мене“, рече Дунцова, користејќи го терминот „специјална воена операција“ наметната од руските власти за инвазијата на Украина.

Таа додаде дека ќе биде потребно многу време за мировните преговори да донесат резултати.

– Но, сè е можно, јас верувам во тоа, додаде таа.

Поранешната локална советничка од западниот град Ржев беше повикана од обвинителството минатиот месец, откако повика на мир во Украина, ослободување на политичките затвореници и демократски реформи во Русија.

Дунцова рече дека е „исплашена“ откако ја објави својата кандидатура против Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…