Објавено на:

Русија ќе развива воени капацитети во Киргистан

t

Русија ќе ги „развие“ своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров.

„Шефовите на држави ја истакнаа важноста од зајакнување на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските воени капацитети на нејзина територија“, се вели во заедничкото соопштение што го пренесе Кремљ.

Русија има воена база во Киргистан која се состои од аеродром, поморски објект на езеро и неколку други објекти.

Путин го прими Џапаров во пресрет на утрешната воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија. Претседателот на Киргистан е еден од ретките странски лидери кои ќе присуствуваат на парадата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Киев ги зазеде областите од каде…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва…

Русија евакуира цивили по навлегувањето на украинските…

Русија денеска евакуираше цивили од делови на…

Украинските војници заробија нов руски тенк во…

Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…

(Видео) Украински командант: Освоивме 1.000 квадратни километри…

Главниот воен командант на Украина рече дека…

Украинскиот напад во Курск предизвика пад на…

Нападот на украинската армија на руска територија…