Русија ќе развива воени капацитети во Киргистан
Русија ќе ги „развие“ своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров.
„Шефовите на држави ја истакнаа важноста од зајакнување на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските воени капацитети на нејзина територија“, се вели во заедничкото соопштение што го пренесе Кремљ.
Русија има воена база во Киргистан која се состои од аеродром, поморски објект на езеро и неколку други објекти.
Путин го прими Џапаров во пресрет на утрешната воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија. Претседателот на Киргистан е еден од ретките странски лидери кои ќе присуствуваат на парадата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…