Објавено на:

Руската армија нападна постројки за производство на беспилотни летала со долг дострел во Украина

t

Руската армија ги нападна местата за производство, складирање и лансирање на беспилотни летала со долг дострел на вооружените сили на Украина, објави денес руското Министерство за одбрана.

„Оперативно-тактичката авијација, ударните беспилотни летала, ракетните сили и артилеријата на руските вооружени сили ги оштетија местата за производство, складирање и лансирање на беспилотни летала со долг дострел“, според соопштението на руското Министерство за одбрана, објавено од Известија.

Во соопштението се наведува дека се извршени напади врз привремени места за распоредување на вооружени формации на вооружените сили на Украина и странски платеници во 153 области, како и дека системите за воздушна одбрана соборија четири водени воздушни бомби и 294 беспилотни летала од типот авиони.

Се додава дека припадници на руската армија ја освоиле населбата Александро-Шултино во Донецк, како и дека биле уништени две механизирани бригади на вооружените сили на Украина и една бригада на Националната гарда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската армија нападна постројки за производство на…

Руската армија ги нападна местата за производство,…

Тошковски горд покрај командирот што пукаше и…

Тошковски горд покрај командирот што пукаше и…

Зеленски: Во Украина веќе има државен јазик…

Украина има државен јазик – украински, изјави…

Ангелов: Се става под контрола пожарот кај…

Се става под контрола пожарот што претпладнево…

Тажна вест: 19-годишен боксер на Македонија загина…

Македонскиот бокс е во жалост поради загубата…