Руската инвазија на Украина повторно го покрена прашањето за легализирање на канабисот
Руската инвазија на Украина повторно го покрена прашањето за легализирање на канабисот за медицински цели во таа земја, каде, според Министерството за здравство, 57 отсто од Украинците се изложени на ризик да развијат посттрауматско стресно нарушување поради војната.
„Во војна, болката станува проблем за сите делови од населението“, изјави за „Политико“ активистот и основач на Маршот за слободата на канабисот, Тарас Ратушњи.
Законот за создавање легална домашна индустрија за медицински канабис го помина своето прво читање во украинскиот Парламент на 13 јули.
Согласно предложениот закон, би се воспоставил систем за лиценцирање за одгледување канабис и на здравствените установи и претприемачите ќе им се овозможи да купуваат, транспортираат, складираат и издаваат лекови на база на канабис.
Лекарите ќе можат да ги препишат. Сепак, според законот, канабисот се уште е забранет, што го попречува истражувањето и развојот, а ги збунува правилата околу неговата употреба, пишува „Политико“.
Пратениците сега се обидуваат да го изменат законот пред неговото второ читање наесен.
Во Украина беше направен неуспешен обид да се легализира канабисот за медицински цели во 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…