Руската полиција ја презеде контролата на аерoдромот во Дагестан

t

Руската полиција го презеде аеродромот во претежно муслиманскиот регион Дагестан и уапси 60 лица откако стотици демонстранти упаднаа во објектот кога пристигна авион од Израел, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.

Дваесет лица беа ранети на аеродромот пред безбедносните сили да ги совладаат немирите, соопштија локалните власти. Патниците во авионот се безбедни, изјавија безбедносните сили за Ројтерс.

Локалната дагестанска влада претходно соопшти дека ги зајакнува безбедносните мерки низ републиката, во која живеат околу три милиони луѓе.

Шефот на Дагестан, Сергеј Меликов, ги нарече немирите на аеродромот во Махачкала „грубо кршење на законот“ и ги обвини нивните учесници дека „забиле нож“ во грбот на оние кои „се борат против нацистите“ во Украина.

„Сите учесници во денешното беззаконие со своите постапки им забијаа нож во грбот на оние кои ги дадоа животите за безбедноста на татковината – и во 1999 година, кога ги запревме меѓународните терористи на прагот на Дагестан, и денес, кога нашите сограѓани се борат против нацистите во зоната на Северниот воен округ, достојно претставувајќи ја републиката“, напиша Меликов на својот канал на Телеграм.

Според него, сите жители на Дагестан сочувствуваат со „жртвите на постапките на неправедните луѓе и политичарите и се молат за мир во Палестина“. Тој вети и дека агенциите за спроведување на законот ќе дадат правна оценка за тоа што се случило.

Меликов подоцна објави дека „непријателите“ и „противниците на нашата земја“ од странство, посебно од Украина, се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во републиката.

Вечерта на 29 октомври неколку стотици луѓе се собраа на аеродромот во Махачкала пред пристигнувањето на редовен лет од Тел Авив. Демонстрантите протестираа против израелските воени акции во Појасот Газа. Тие потоа ја пробија оградата и влегоа во пистата и во зградата на аеродромот.

Специјалните сили на руската гарда пристигнаа да ги растераат демонстрантите, приведени се 60 лица. Против нив се поднесени кривични дела. Идентификувани се вкупно 150 демонстранти. Како резултат на погромот, повредени се повеќе од 20 лица, од кои 9 полицајци, од кои двајца се во исклучително тешка состојба, соопшти Министерството за здравство на Дагестан.

Аеродромот во Махачкала нема да прима авиони до 6 ноември, јави Росавијација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…

Арсовска за денес најави објавување докази за…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…