Руската ФСБ тврди дека спречила атентат на гувернерот на Крим
Руската безбедносна служба (ФСБ) соопшти дека спречила атентат врз гувернерот на Крим назначен од Москва и ги обвини украинските безбедносни служби дека планирале да постават бомба во неговиот автомобил.
„Обидот за атентат на гувренерот на Крим Сергеј Аксинов организиран од украинските специјални служби е спречен“, соопшти ФСБ, а пренесуваат руските новински агенции.
Во рамките на истрагата е уапсено едно лице. ТАСС јавува дека станува збор за руски државјанин, кој за оваа цел бил регрутиран од Службата за безбедност на Украина.
Бомбашот немал време да ја заврши својата намера, бидејќи навремено бил откриен и приведен кога експлозивната направа била пронајдена и извадена од скривницата каде била складирана , соопшти ФСБ, а пренесе ТАСС.
Русија го анектираше Крим во 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…