Руските војници кои го соборија американскиот Ф-16 добија награда од 200.000 долари
Руски војници добија награда од речиси 200.000 долари за соборување на американски борбен авион Ф-16 во Украина, објави „The Telegraph“.
Дванаесет припадници на вооружените сили ја добија наградата од руската нафтена компанија „Форес“, која ја вети минатата година.
„Форес исполни претходно ветување и им префрли 15 милиони рубли на припадниците на руските вооружени сили за соборување на првиот Ф-16 во зоната на специјална воена операција“, соопшти компанијата.
„Дванаесетте војници кои учествуваа во соборувањето на целта добија парични сертификати“, се додава во соопштението, во кое се наведува дека церемонијата се одржала на 29 мај.
Наградите се дел од поширока стратегија за охрабрување на Русите да вложат дополнителни напори за уништување на западната воена опрема. Украина смета дека испораката на борбени авиони Ф-15 и Ф-16 е клучна за одбраната на нејзиниот воздушен простор. Според достапните информации, Киев изгубил три такви авиони од минатото лето, кога пристигнаа Ф-16 од САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…
Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Германија испраќа уште војници на Косово
Германија на пролет следната година на Косово…
Се огласија од КФОР: Војниците без причина…
Мисијата на КФОР соопшти дека во вчерашните…
Украинците признаа: Загинаа над 93.000 наши војници
Украинските власти објавија дека од почетокот на…