Руските трупи во минатиот месец зазеле нови 430 квадратни километри во украинска територија
Руската армија во јануари зазеде уште 430 квадратни километри украинска територија и се приближува до логистичкиот центар Покровск, покажуваат податоците на американскиот Институт за проучување на војната.
Повеќе од 80 отсто од напредувањето на руската армија минатиот месец е во регионот на Доњецк, каде руските сили се обидуваат да го заземат градот Покровск. Руските сили сега се на само два километри од важниот логистички центар, кон кој се приближуваат од југ и од исток.
Руската армија исто така напредуваше околу 50 квадратни километри на североисточниот фронт околу градот Купјанск.
Во декември руската армија зазеде 476 квадратни километри, а еден месец претходно – 725 километри квадратни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…