Објавено на:

Руските ултранационалисти сакаат да го ограничат патувањето на семејствата на високи функционери

t

Ултранационалистичката либерално-демократска партија (ЛДПР) на Русија работи на нацрт-закон со кој привремено ќе се забрани патување во „непријателските земји“ на блиски роднини на високи функционери, објави државната новинска агенција РИА.

Русија ги смета за „непријателски“ сите земји кои и воведоа санкции поради војната во Украина.

Според членот на руската Дума Сергеј Каргинов, ограничувањата може да влијаат, меѓу другото, на службениците за спроведување на законот, судиите, врвните менаџери на државните корпорации и одборот на директори на Централната банка.

-Сега, кога Русија е принудена да се соочи со група западни земји предводени од САД кои го испровоцираа конфликтот во Украина, таквите патувања, не само што се недозволиви, туку и опасни, изјави Каргинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…