Објавено на:

Руски милијардер го критикувал Путин, сега стравува за својот живот! Се огласил од тајна локација: „Кремљ сака да ме убие“

t

Рускиот милијардер Олег Тинков, по осудувачкиот говор на социјалните мрежи за Владимир Путин, стравува за својот живот.

Рускиот милијардер Олег Тинков отворено му го завртел грбот на рускиот претседател Владимир Путин, а сега поради тоа стравува за својот живот, поради што ангажирал телохранители.

Милијардерот порачал дека таа информација ја добил од пријател со контакти во руските безбедносни служби. Се пошегувал дека иако преживеал леукемија, на крајот “ќе умре од Кремљ”.

„Дали тоа значи дека ќе ме убијат, не знам. Не го исклучувам тоа“, рекол тој.

Тинков навел дека многу негови познаници во деловната и владејачката елита приватно рекле дека се согласуваат со него и дека ја осудуваат инвазијата на Украина, но дека сите се плашат. Во интервју за “New York Times” Тинков најгласно досега изразил противење на војната која рускиот лидер ја води во Украина.

„Сфатив дека Русија, како држава повеќе не постои. Верував дека режимот на Путин е лош. Но, секако, ,немав поим дека тоа ќе поприми такви катастрофални размери“, рекол тој, предвидувајќи дека Путин уште долго ќе биде на власт

Тинков пронашол начин да коегзистира со Кремљ и да заработува милијарди – се до 19-ти април оваа година.

Тинков тогаш се огласил на Инстаграм по повод, како што навел, лудата војна во Украина, осудувајќи ја руската инвазија и опишувајќи го оние кои ја поддржуваат како “морони”.

„Не гледам кој има корист од оваа војна. Умираат невини луѓе и војници. Секако дека има морони кои пишуваат “Z”, но морони има малку. Повеќето Руси се против оваа војна“, додал тој.

Тинков покрај тоа ја прокоментирал и состојбата на руската војска, а и држава: „Будејќи се со мамурлак, генералите сфатиле дека имаат лоша војска. Како може војската да биде добра, кога се друго во државата е лошо и заглавено во непотизам и сервилност?“.

Ден по објавата на Инстаграм, истакнува дека од Кремљ контактирале неколку раководители на банките и им порачале дека поврзаноста со нивниот основач е проблем.

„Тие рекле: Изјавата на вашиот акционер не е добредојдена, а ние ќе ја национализираме вашата банка ако не ги промени сопствениците и името“, истакнал Тинков, повикувајќи се на извори во своите банки.

Минатата недела го продал својот удел во банката од 35 проценти и тоа на руски рударски милијардер, што му било наметнато од Кремљ

„Не можев да разговарам за цена. Бев како заложник. Го земав тоа што ми се нуди“, рекол тој за “NYT”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…