Објавено на:

Руски сенатор: Ниту шестиот, ниту седмиот пакет санкции нема да ја разбијат Русија

t

Русија не може да се разбие со санкции, Европската Унија може да го подготви не само шестиот, туку и седмиот и осмиот пакет санкции, изјави првиот заменик-претседател на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата на Русија, Владимир Џабаров.

„Дами и господа од Европа, не ви е доста да правите глупости? Сепак, Русија не може да биде уништена со санкции. Можете да го подготвите и следниот, седми пакет и да размислите за осмиот, деветтиот и така натаму“, напиша Џабаров на Телеграм, објави “Новости”.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, претходно изјави дека Европската комисија во рамките на шестиот пакет санкции против Русија предлага постепено да се забрани увозот на руска нафта во ЕУ.

На тема шестиот пакет санкции против Русија зборуваше и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Џосеф Борел, пренесе „Новости”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов инцидент на фудбал викендов: Фудбалер на…

Фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш 1930 и Брера…

Маж од Дебар заврши во притвор оти…

Триесет и едногодишен маж од Дебар заврши…

ДРАМА ВО СЕЛОТО ЗЛОТ ПО УБИСТВОТО НА…

Инспектори на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…

Уапсени крадци во гостиварско, краделе од своите…

Полициски службеници уапсиле две лица од гостиварско…

Кривично ќе се гонат трите лица кои…

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп…