Објавено на:

Руски сенатор уапсен за нарачано убиство

t

Сенатор од владејачката партија во Русија е уапсен по сомнение дека нарачал убиство, пренесе ДПА.

Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент во Москва, гласаше во корист на одземање на имунитетот на сенаторот Дмитриј Савелиев, соопшти вчера портпарол на парламентот. Тој беше уапсен веднаш откако го напушти состанокот, јави ТАСС.

Според руското обвинителство, во август минатата година високиот политичар нарачал платен убиец да убие бизнисмен. Заговорот бил откриен, но од тактички причини при истрагата сепак се тврдело дека злосторството всушност било извршено.

– Убиството беше инсценирано од безбедносните органи за да се открие лицето кое го нарачало и организаторите, изјави портпарол на обвинителството.

Се тврди дека Савелиев платил за убиството, кое според весникот „Известија“ чинело 100.000 долари.

Сенаторот е 53-годишен поранешен извршен директор на нафтена компанија, и припаѓа на партијата „Единствена Русија“ на претседателот Владимир Путин. Од 2016 година тој ја претставува Тулската област во Советот на федерацијата, а пред тоа бил член на Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент.

Во последните недели беа извршени неколку спектакуларни апсења на високи службеници од руската елита поради наводна корупција. Сепак, акција против сенатор по сомнение за убиство е невообичаена.

Во 90-тите години на минатиот век многу економски конфликти во Русија се решаваа со нарачани убиства, потсетува ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…