Руски телеграм канал објави: Србија ѝ испорачала оружје на Украина?!
И покрај безрезервната поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ за рускиот претседател Владимир Путин, се покажа дека Србија ѝ доставува оружје и на Украина. Истрагата на рускиот Телеграм канал „Маш“ покажа дека српските проектили ѝ биле испорачани на Украина на 4 и 6 февруари. Тој објави видео од складиште во Братислава, низ кое транзитирале 3,5 илјади ракети М-21 од 122 мм за ракетните системи „Град“. Добавувач е српската компанија Крушик.
Според истрагата, ракетите биле нарачани од канадската компанија JNJ Export Import. Производството е испорачано од Србија во Турција од страна на компанијата Arca Savunma Sanayi Ticaret. Оттаму пратката оди во Словачка, а потоа во Украина.
„Знаат ли Србите кому на крајот ги продадоа проектилите – не е јасно. Може само да се претпостави уште колку такви пратки имало. Да се потсетиме и на скандалот од 2019 година, кога во Донбас беа пронајдени српски минофрлачки гранати од 66 мм. Тогаш „Вучиќ тврдеше дека Крушик и ги доставил на Полска. Но, во документите објавени од медиумите, се гледа дека Украина е именувана како конечен примач“, се сеќава Маш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…