Објавено на:

Руски хеликоптери уништија дронови на украинската морнарица, следуваше одговор, пишува Форбс

t

Украински експлозивни автономни пловни објекти или поморски беспилотни летала напаѓаат и потонуваат руски воени бродови во Црното Море од минатата есен, а сега руската Црноморска флота одлучи да возврати, и тоа од воздух, пишува Форбс.

Руски бомбардери, летечки бродови и хеликоптери патролираа на рутите до пристаништата, каде што е закотвена Црноморската флота, барајќи знаци за приближување на автономните бродови, кои ги гаѓаа со ракети и куршуми. Меѓутоа, во војната – како и во физиката – секоја акција има своја реакција. И така, сега украинските автономни бродови добија проектили земја-воздух, кои можеби веќе ги испалуваат руските авиони.

Снимките од Црното Море направени во неделата или понеделникот покажуваат како хеликоптер Камов Ка-29 кружи околу украинскиот брод и пука во него. Можно е овој напад да е поврзан со украинскиот напад на Црноморската флота на Крим овој викенд. Пловилата, наводно, потопиле руски патролен брод.

Ова не е прв пат руско летало да уништи украински автономен брод (УСВ). Но, тој конкретен УСВ се издвојуваше затоа што беше опремен со ракетни фрлачи и инфрацрвена ракета Р-73. Се чини дека некои украински бродови сега имаат свои противвоздушни ракети.

Рускиот канал Fighterbomber на Телеграм беше изненаден од ова: „Украинците некако успеаја да ја поврзат ракетата со системите за далечинско управување на УСВ“.

Проектилот Р-73 е чувствителен на извори на топлина како што се моторите на леталата. Не бара телеметрија за водење. Сепак, каналот Fighterbomber не греши кога се прашува како војниците кои управуваат со УСВ можат од далечина да ги нишанат и лансираат тие проектили.

Fighterbomber шпекулира дека украинските автономни пловила сè уште не ги испукале своите проектили, но вреди да се напомене дека УСВ што екипажот Камов го уништи во неделата или понеделникот имал два ракетни фрлачи, но само еден проектил.

Со опремувањето на УСВ со ракети Р-73, украинските сили додадоа уште една улога на нивните сè повеќе разновидни автономни пловила. Повеќето од нив се еднонасочни: тие се натоварени со експлозиви и удираат во руски воени бродови. Постои и верзија на поморскиот дрон Sea Baby, кој може да истрела ненаведувани проектили за напади со долг дострел, а можно е и најголемите УСВ во Украина да имаат и радио-попречувачи.

Постои шанса дека овие нови УСВ сепак веќе ги испукале своите проектили. Најмалку еден, а можеби и два руски хеликоптери наидоа на неволја над Црното Море на 9 и 10 април. Портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук тврди дека рускиот Камов Ка-27 бил соборен на 9 април, а повеќе извори потврдуваат дека еден ден подоцна бил соборен уште еден хеликоптер Мил Ми-24.

Падот на Камов не е потврден, но интересно е тврдењето на Плетенчук дека руското летало „барало нешто“ и „го нашло“. Ако Русите навистина го загубија Ка-27 на 9 април, и ако тој хеликоптер навистина бараше УСВ, дали е можно дека пронашол УСВ вооружен со ракети земја-воздух?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално…

Станува збор за 45-годишен маж со „богато“…

Украина соопшти: Загина еден од најдобрите пилоти

Вооружените сили на Украина објавија дека Денис…

Шок информации! 14-ГОДИШНА ЦРНОГОРКА ПЛАНИРАЛА ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД…

Уапсено е 14-годишно девојче наводно од Црна…

„ПОНИШТЕТЕ ЈА ПРЕСПА“: Лидерот на СИРИЗА упати…

За време на предизборниот митинг во Солун…

Американски разузнавачи тврдат: Русија и Кина подготвуваат…

Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека…