Руско МНР: Русија е подготвена за средба Путин-Трамп во Будимпешта ако е добро подготвена и врз основа на договорите во Алјаска
Русија е подготвена за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во унгарската престолнина Будимпешта ако е добро подготвена и врз основа на договорите од средбата на двајцата лидери во државата Алјаска, објави Министерството за надворешни работи во Москва.
Трамп и Путин се сретнаа на 15 август во Енкориџ, Алјаска. Двајцата требаше да разговараат во Будимпешта минатиот месец, но нивната средба беше откажана.
Контактите меѓу министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе продолжат доколку е потребно, објасни портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руско МНР: Русија е подготвена за средба…
Русија е подготвена за средба меѓу рускиот…
Рудник „Саса“: Се соочувавме со финансиски загуби…
Рудникот „Саса“ денес одговори на прашањата на…
Полицаец си пукал во рака додека го…
Полицаец си пукал во рака додека го…
Започнува операцијата „јужно копје“ – САД ќе…
Американскиот министер за одбрана Пик Хегсет изјави…
Хрватска на нозе: Од иста област исчезнале…
Тројца малолетници се исчезнати кај Сисак, Хрватска.…