Хрватска на нозе: Од иста област исчезнале тројца тинејџери
Тројца малолетници се исчезнати кај Сисак, Хрватска. Како што објавила полицијата, лица на 16, 14 и 13 години во средата се оддалечиле од семејните домови, и заминале во непознат правец.
Полицијата ги повика граѓаните ако имаат било каква информација за исчезнатите, да ја известат најблиската полициска станица.
Се огласија и мајките на исчезнатите деца Патрик, Адриано и Кјара.
„Ме повика мајката на Кјара и ми рече дека не може да ја добие неа и нејзиниот брат, и ме замоли да му се јавам на Патрик, затоа што може е со нив. Кјара и Патрик се дечко и девојка. Патрик преку пораки ми одговараше само со да и не, беше многу службен. Тоа беше во средата наутро, и од тогаш им се губи секаква трага“, изјави мајката на Патрик.
Другата мајка претпоставува дека се заедно.
„Не знаеме каде се. Ги прегледавме сите места каде што мислевме дека се, а сега чекаме полиција“, напомена таа, истакнувајќи дека досега вакво нешто се нема случено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители.…
Носете си чадор: И денес дожд со…
Облачно со повремени врнежи од дожд кои…
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…