Русофили наспроти Западњаци – тивка борба во СДСМ помеѓу крилото на Зечевиќ и актуелните владини функционери за АНБ
Каков ќе биде расплетот околу изборот на нов директор на АНБ по назначувањето на досегашниот, Виктор Димовски, за амбасадор на Македонија во Париз е прашањето кое најчесто се поставува во партиските кулоари на СДСМ.
Во игра се повеќе имиња, а дел од медиуми најголеми шанси му даваат на Заре Милошевски кој досега во Агенцијата функционираше како началник по екстремизам во директорат за операции. Заре Милошевски е брат на Томе Милошевски, поранешен помошник-министер на одделот за обезбедување на ВИП личности и објекти, додека нивниот трет брат, Милан Милошевски, своевремено беше директор на ГТЦ.
Како што пренесува „Фокус“, Милошевски важи за близок до генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која во 2019 година се трансформираше во АНБ, со тоа што системите за прислушување се издвоија во Оперативно-техничката агенција (ОТА).
Тука и настанува заплетот на ситуацијата.
Заре Милошевски важи и за еден од најголемите критичари на раководството на Зоран Заев, и беше меѓу првите кои бараа оставки од екс-претседателот на СДСМ. Браќата Милошевски важат и за силни поддржувачи на Бранко Црвенковски, од кого и преку социјалните мрежи бараа да се врати на кормилото на партијата.
Жарко Милошевски пак, брат на актуелниот кандидат за директор на АНБ и фаворит на Зечевиќ е вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во времето на директорувањето на Сашо Мијалков, а заедно со него во истиот период е вработена и неговата сопруга.
Милан Милошевски пак, третиот брат на Заре, до 2006-та година беше директор на ГТЦ, а за неговото директорување доби и кривична пријава по завршувањето на директорскиот ангажман.

Но, освен партиските препукувања, браќата Милошевски изразиле и низа на пофалби кон Рускиот претседател Владимир Путин, но и силни критики кон нашето членство во НАТО, обвинувајќи ја Алијансата за „модерен фашизам“ и како виновна за промената на Уставното име на Р.Македонија.
Оттука останува отворено и прашањето дали во СДСМ се води тивка војна помеѓу две партиски крила, едно про-руско предводено од Миле Зечевиќ, и другото крило предводено од актуелните владини функционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОВА Е РОБУС(Т)НО ОБВИНИТЕЛСТВО! Отфрлена кривичната пријава…
ОЈО Скопје ги отфрли кривичните пријави за…
Скоро ќе има одлука за предметот за…
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски најави дека за…
(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…
Попладнево во полициска станица во Центар, на…
Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе…
Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за…
АНБ тестираше неколку вработени на полиграф
Агенцијата за национална безбедност спровела неколку полиграфски…