Руте: Потребен ни е „Ѕид на дронови“ за да го чуваме нашето небо безбедно

t

Иницијативата за создавање на „Ѕид на дронови“ е навремена и неопходна, затоа што треба да го заштитиме нашето небо и мора да го чуваме безбедно, изјави претпладнево генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на седницата на Европската комисија посветена на одбранбени и безбедносни прашања.

– Во последните неколку недели видовме што се случи со беспилотните летала во Полска, со (авионите) МиГ-31 во Естонија, но и она што се случува сега во Данска. За Данска се уште проценуваме кој стои зад тоа, но кога станува збор за Полска и Естонија, јасно е дека тоа се Русите. Сепак, проценуваме дали е намерно или не. Но, дури и да не е намерно, тоа е неодговорно и е неприфатливо, рече Руте придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според Руте, „Ѕидот на дронови“ е потребен и затоа што не може да се трошат милиони евра или долари за ракети за уништување на беспилотни летала, кои чинат само неколку илјади долари.

– НАТО и ЕУ имаат јасна поделба на обврските. НАТО е моќен во поставувањето стандарди и во целите на капацитетите, а ЕУ има огромна моќ на внатрешниот пазар, обезбедувајќи развиена одбранбената индустриска база и осигурувајќи дека парите и средствата се користат за да ја поддржат Украина, додаде Руте.

Тој истакна дека Украина е „нашата прва линија на одбрана“ и од поддршката за неа зависи и колективна безбедност.

– Клучно е Украинците да издржат во борбата, па затоа продолжуваме да ги поддржуваме, рече Руте додавајќи дека иницијативите за воена поддршка се важни за одбрана на Украина, но и за зајакнување на нејзината позиција во потенцијални мировни преговори.

– Тоа го правиме заедно на сите нивоа. НАТО и ЕУ работат заедно за да се осигураме дека максимално ја користиме и ја искористуваме силата на другиот во целиот овој потфат, додаде Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Потребен ни е „Ѕид на дронови“…

Иницијативата за создавање на „Ѕид на дронови“…

ЕСМ: Од 15 октомври официјално започнува грејната…

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона…

Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му…

„На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето…

Орбан: Под изговор дека сака да ја…

Западот всушност планира да ја ограби Украина…

Уапсен 31-годишен штипјанец кој избегал од струмичкиот…

Уапсен 31-годишен штипјанец кој избегал од струмичкиот…