Рјабков: Прашањето за нова средба помеѓу Путин и Трамп е на дневен ред
Гледаме дека потрагата по пат напред продолжува, одговори високиот дипломат на прашањето дали може да се очекува нов руско-американски самит на краток или среден рок.
Можноста за уште една средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е на дневен ред, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју објавено денеска за списанието „Интернешнал лајф“.
-Не би исклучил ништо. Прашањето за одржување уште една средба меѓу лидерите е на дневен ред. Гледаме дека потрагата по пат напред продолжува, одговори високиот дипломат на прашањето дали може да се очекува нов руско-американски самит на краток или среден рок.
На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека двајцата се согласиле наскоро да се сретнат во унгарската престолнина. Средбата потоа беше одложена. Москва и Вашингтон изјавија дека ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рјабков: Прашањето за нова средба помеѓу Путин…
Гледаме дека потрагата по пат напред продолжува,…
Обид за кражба на бакарен кабел под…
Обид за кражба на бакарен кабел под…
Нетанјаху сподели статија во која се наведува…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сподели статија на…
Зеленски и Стармер се согласија за деталите…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер…
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од…