Објавено на:

Рјабков: Прашањето за нова средба помеѓу Путин и Трамп е на дневен ред

t

Гледаме дека потрагата по пат напред продолжува, одговори високиот дипломат на прашањето дали може да се очекува нов руско-американски самит на краток или среден рок.

Можноста за уште една средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е на дневен ред, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју објавено денеска за списанието „Интернешнал лајф“.

-Не би исклучил ништо. Прашањето за одржување уште една средба меѓу лидерите е на дневен ред. Гледаме дека потрагата по пат напред продолжува, одговори високиот дипломат на прашањето дали може да се очекува нов руско-американски самит на краток или среден рок.

На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека двајцата се согласиле наскоро да се сретнат во унгарската престолнина. Средбата потоа беше одложена. Москва и Вашингтон изјавија дека ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…

Некој пукал во бик со воздушна пушка…

Жител на тетовското село Волковија пријавил во…