САД и Британија извршија нови напади врз Хутите во Јемен
Белата куќа синоќа соопшти дека американските и британските сили извршиле нови напади врз осум цели врз Хутите во Јемен.
„Како одговор на континуираните незаконски и непромислени напади на Хутите врз бродови кои транзитираат по Црвеното Море и околните водни патишта, вооружените сили на Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, со поддршка од Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, извршија дополнителни напади врз осум цели во Подрачјата на Јемен контролирани од Хутите во согласност со вроденото право на индивидуална и колективна самоодбрана, во согласност со Повелбата на ОН. Овие напади беа дизајнирани да ја нарушат и деградираат способноста на Хутите да продолжат со нападите врз глобалната трговија и невините морнари од целиот свет, притоа избегнувајќи ескалација“ стои во соопштението на Белата куќа.
Од Вашингтон велат дека нападите што Хутите ги започнаа врз комерцијални и поморски бродови од средината на ноември претставуваат закана за сите земји кои се потпираат на меѓународниот поморски превоз.
„Ги осудуваме овие напади и бараме нивно прекинување. Ние, исто така, нагласуваме дека оние кои ги снабдуваат Хутите со оружје за извршување на овие напади, ја прекршуваат резолуцијата 2216 на Советот за безбедност на ОН и меѓународното право. Меѓународниот одговор на 22 јануари на континуираните напади на Хутите покажа заедничка решителност да се поддржат навигациските права и слободи и да се бранат животите на морнарите од нелегални и неоправдани напади“ додаваат од Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР не демантира дека тендерот за возачки…
Демантот на Министерството за внатрешни работи не…
Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…
(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…
Нападите на американската војска врз три ирански…
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…