Објавено на:

САД: Неонацистичка група има намера да се активира пред изборите

t

Предизборната кампања во САД се соочи со уште една закана од неонацистите, чија група База предводена од Риналдо Назаро (51), сега бара нов млад лидер за својот ударен тим.

Расте загриженоста во САД откако американскиот потпретседател и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис беше цел на екстремно десничарските сили, а сега стравувањата се зголемени поради повторното активирање на неонацистите, пишува Гардијан.

Назаро, кој живее во Русија, објави дека бара водач за неговиот неонацистички ударен тим во САД. Тој е подготвен на таков човек да му понуди месечна плата од 1.200 долари.

Назаро еднаш работеше под договор за Пентагон и беше аналитичар во Одделот за домашна безбедност, а подоцна ја основаше База.

Тој е предмет на истрага на ФБИ, а како што е познато, со години не стапнал во САД.

Властите ширум Западот се повеќе се загрижени за руското спонзорство и поддршка за екстремната десница по порастот на расно мотивираното насилство во Англија, според Гардијан.

Групата База, основана во 2018 година, се сметаше за домашна терористичка организација во САД и закана пред изборната кампања во 2020 година.

Нејзините членови се залагаат за ултра-насилна политичка доктрина која вклучува уништување на општеството преку тероризам.

Минатата недела Европската унија го стави База на својата листа на санкции, што е прв ваков случај со екстремно десничарска организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…