Објавено на:

САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари

t

САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари, соопштија синоќа од Стејт департментот. Износот е речиси половина од преостанатите 2,21 милијарда долари во рамките на Иницијативата за помош за безбедност на Украина (УСАИ).

Средствата од УСАИ ќе бидат насочени кон набавка на муниција за високомобилните артилериски ракетни системи (HIMARS) произведени од Lockheed Martin, како и за беспилотни летала.

Администрацијата на Бајден често ги користеше претседателските овластувања за вонредно повлекување на оружје (ПДА), кои му дозволуваат на претседателот без одобрување од Конгресот вонредно да повлекува оружје од американските резерви.

Средствата од УСАИ се издвоени одделно и ќе се користат за набавка на ново оружје од компании во САД.

Администрацијата на Бајден располага со околу шест милијарди долари кои ги одобри Конгресот, вклучувајќи средства одобрени во 2024 година и средства откриени од Пентагон по преоценувањето на вредноста на испратеното оружје во Украина.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, САД  доделиле на Украина воена помош вредна повеќе од 62 милијарди долари. Покрај од резервите, голем дел од ова оружје е купено од американски компании кои работат во одбранбениот комплекс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…